Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Atlantic Grand


Атлантик Група е компанија која создава: нова вредност за своите акционери и за економијата, кариерни можности за вработените и бизнис можности за своите партнери. Ние сме лидер во индустријата за храна и пијалаци и сакаме да ги инспирираме луѓето да додадат вкус на своите секојдневни моменти.

Нашата визија се надоврзува на корпоративната стратегија која дава јасна насока за годините пред нас. Корпоративната стратегија обезбедува дека внатре во компанијата имаме заеднички цели, а со остварување на тие цели веруваме дека ќе обезбедиме долгорочна конкурентност за Атлантик Група.

Имаме уникатно портфолио на сопствени и брендови на нашите партнери кои ги дистрибуираме. Фокусот на потрошувачот и купувачот ќе ни овозможи да ја зајакнеме лидерската позиција. Дополнителна конкурентска предност ќе постигнеме преку препознавање и искористување на значајни можности и надвор од нашите основни категории и пазари, со што ќе генерираме долгорочен раст.

За да можеме да ги поддржиме нашите амбиции за раст и да создадеме долгорочна вредност за сите засегнати страни, ќе работиме на дополнително зајакнување на продуктивноста. Оваа цел ќе ја постигнеме преку надградба на нашите операции и синџирот на снабдување, дефинирање на хоризонт и план на активности за зголемување на профитабилноста за сите наши настапи на пазарот и преку дигитализација на клучните оперативни области.

Нашите луѓе и нашите брендови се тие што прават разлика. Сакаме да привлечеме и задржиме талентирани поединци, да инвестираме во развојот на луѓето кои ги движат нашите брендови и бизнисот кон раст, во опкружување кое е сè посложено. За успешно управување со комплексноста на социјалните, еколошките и економските промени, и понатаму ќе ги градиме потребните компетенции, прилагодлива и отворена култура, како и ќе го негуваме нашето одговорно корпоративно управување.

ул.Шар Планина, бр.6

Gjorce Petrov, Skopje
Сите 1-1 од 1
1 - 1 од 1 податоци

Пораки

Пораки

Информации за корисникот

Се поврзува...
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации
Design a Mobile Site
View Site in Mobile | Classic
Share by: