Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

ПРИМА МЕБЕЛ

Станете дел од нашата приказна.


Во насока на континуиран развој на бизнисот, Прима Групацијата се стреми кон постојано подобрување на постоечката продажна мрежа, производство и развој на производи. Како дел од оваа мисија, Прима Мебел бара мотивирани и позитивни вработени кои сакаат да бидат дел од нашиот тим и да учествуваат во нашиот успех.

Прима Мебел е вашето идеално место за висококвалитетен мебел во Струмица. Со широк асортиман на модерни и функционални производи, нудиме решенија кои го подобруваат вашето живеење. Прима Мебел верува во важноста на професионалната услуга, затоа постојано сме во потрага по квалификувани продавачи за нашиот салон во Струмица. Потребни квалификации вклучуваат: минимум ССС, одлично познавање на MS Office пакет, предност за кандидати со искуство во малопродажба на мебел, поседување возачка дозвола Б категорија, како и развиени комуникациски способности. Бараме тимски ориентирани и самоиницијативни личности со флексибилност и подготвеност за учење.

Прима Мебел на вработените нуди стимулативни и натпросечни примања, како и константно професионално усовршување. Доколку сте заинтересирани за овој предизвик, испратете мотивационо писмо и кратка биографија преку полето „Аплицирај веднаш“. Со задолжителна назнака за кое работно место и град аплицирате, притоа осигурувајќи целосна доверливост на податоците. Прима Мебел го задржува правото да ги повика на интервју само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите во огласот и тоа во рок од 15 дена по завршување на огласот.

Придружете се на Прима Мебел и станете дел од нашиот тим во Струмица, каде што ќе имате можност да работите во средина што ја цени вашата посветеност и амбиција!

ул.Климент Охридски, бр.89А

Strumica
Сите 1-1 од 1
1 - 1 од 1 податоци

Пораки

Пораки

Информации за корисникот

Се поврзува...
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации
Design a Mobile Site
View Site in Mobile | Classic
Share by: