Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Сончев Дом Тодоровски

Домот за нега на стари лица „Сончев Дом Тодоровски“ – Ваш доверлив партнер за грижа и достоинствено живеење на возрасните лица

Домот за нега на стари лица „Сончев Дом“ сместен на падините на Водно во Општина Сопиште ви овозможува постојана грижа, активно стареење и достоинствено и квалитетно живеење на возрасните лица. Нашата мисија е да обезбедиме топол, безбеден и пријатен дом за постарите лица кои имаат потреба од секојдневна поддршка, внимание и професионална нега.

Во Сончев Дом Тодоровски може да престојуваат, живеат и да бидат комплетно опслужени постари лица од различен профил – од оние кои бараат основна грижа и дружење, до лица со поголеми здравствени потреби. Посветениот тим од квалификуван кадар внимателно и грижливо се грижи за здравјето и благосостојбата на секој жител, обезбедувајќи индивидуален пристап и квалитетна медицинска поддршка.

Нашата установа нуди удобни и функционални соби, балансирана исхрана, социјални и рекреативни активности кои поттикнуваат активно стареење и подобрување на квалитетот на живот. Локацијата на падините на Водно обезбедува чист воздух, мирна околина и идеални услови за одмор и релаксација.

Сончев Дом Тодоровски е вистински избор за семејствата кои сакаат да им обезбедат на своите најблиски сигурна и професионална грижа во средина полна со почит и топлина.

Посетете не и уверете се зошто „Сончев Дом“ е синоним за грижа, достоинство и квалитетно стареење во Македонија.
Sopište, Skopje
Сите 1-3 од 3
1 - 3 од 3 податоци

Пораки

Пораки

Информации за корисникот

Се поврзува...
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации
Design a Mobile Site
View Site in Mobile | Classic
Share by: